Воз усмрти мигрант кој спиел на пругата во Грција

106

Воз што сообраќал на релација Александруполи – Орменио во североисточниот дел на Грција, удрил и усмртил мигрант кој спиел на пругата, а неговиот пријател успеал навреме да побегне, објавија локалните медиуми, jави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, веројатно станува збор за мигранти од Ирак кои преку Еврос влегле во Грција од Турција и следејќи ја железничката пруга имале намера да стигнат во внатрешноста на земјата.

Машиновозачот бил приведен, а подоцна ослободен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...