Арсовски: Зошто сѐ уште не е почната истрага за синот на Јанева?

690

Катица Јанева и Зоран Заев се лице и опачина на иста паричка која што значи криминал. Катица Јанева е рекетарот на Зоран Заев, а Заев e човекот кој ѝ даде најголема поддршка и стоеше позади неа цело време, изјави денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Катица Јанева четири месеци беше оставена на слобода за да ги исчисти трагите кои водат директно до главата на октоподот, за кој сите знаат кој е тој. Четири месеци наместо истрага, гледаме фарса. Лошо сценарио, од уште полоши сценаристи кои што го смислиле. Вчера УЈП најави дека од утре ќе почнеле да го истражуваат Меѓународниот сојуз на Боки 13 преку кој се вршел еден дел од рекетот. Што ли правеа УЈП четири месеци, зошто токму од утре почнуваат да истражуваат? Дали беа во спрега и УЈП и Финансова полиција и МВР и сите надлежни институции заедно со рекетарите кои што вршеа рекет? Каде беа овие институции цели 4 месеци откако е почната истражната постапка и зошто не соработувале во истрагата бидејќи нивното влијание во истрагата е многу важно и со сите докази кои што можат да ги обезбедат? – праша Арсовски.

Тој се сомнева дека на овој начин им се дало време на осомничените да ги скријат сите траги од доказите за целиот криминал и рекет.

– Зошто сѐ уште не е почната постапка и истрага за синот на Катица Јанева, Лазар Јанев за кој знаеме дека е вработен како маркетинг директор во телевизијата на првоосомничениот и за кој има силни сомнежи дека работел со првоосомничениот во делот на рекетот и заедно со него одел по состаноци во фирми, кои што биле предмет на рекет? Заев е подготвен сите да ги жртвува за самиот тој да си ја спаси кожата и да не се стигне до главата на октоподот додава Арсовски и повтори дека се потребни предвремени парламентарни избори.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...