Денеска повторно ѝ се слошило на специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева, која од притвор со полициска придружба беше донесена на погребот на нејзината мајка во Гевгелија.
Како што објавуваат медиуми, на Јанева ѝ се слошило во капелата на градските гробишта во Гевгелија. Таа не ѝ се придружила на погребната поворка и по дваесетина минути повторно со полициско возило заминала во притворот во Шутка во Скопје.