ВМРО-ДПМНЕ: Јанева е притворена да се спаси Заев

ВМРО-ДПМНЕ ѝ забележува и на обинителката Вима Русковска дека се однесува заштинички кон власта.

493

Притворањето на Катица Јанева е договорен театар со кој треба да се прикријат трагите кои водат кон Илинденска и Зоран Заев, тврди ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопшение

„ Катица Јанева му остана верна на Заев, како што и тој и остана верен во сите местенки и криминали. Зоран Заев е премиер целиот период за време на кој е вршен милионскиот рекет. Уценувани се десетици бизнисмени, изнудувани се пари, а институциите на системот или биле дел од рекетот или замижувале пред криминалот. Јанева е алатката со помош на која е вршен рекетот, а Заев е координаторот на целиот криминален систем“, обвинува партијата.

ВМРО-ДПМНЕ ѝ забележува и на обинителката Вима Русковска дека се однесува заштинички кон власта.

„ Вилма Русковска, истата обвинителка што и дозволи на Јанева да оди на погреб на нејзината мајка, не му дозволи на обвинетиот во случајот 27 април, Душко Лазаров, да отиде на погреб на мајка му. Русковска се однесува заштитнички кон власта. Таа ја одолговлекува истрагата за Рекет со недели, и не го повикува Зоран Заев на распит, иако е спомнат во аудио разговорите, дека знае за рекет системот“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...