Шокантно видео на кое е прикажана штетата која ја прават цигарите на срцето објави Светската здравствена организација
Снимката е објавена за да се подигне свеста за штетното дејство на цигарите врз здравјето и човековиот организам.
На почетокот од видеото се спомeнува дека пушењето е најчестиот причинител на срцеви болести. Во следните минути срцето започнува да отчукува се побрзо, а од крвните садови излегува дим кој укажува на неговото преоптеретување.