Скопјанка паднала во автобус и си ја скршила раката кога возачот закочил

603

Скопјанка на возраст од 55 години паднала во автобус „ман“ со скопски регистрации кога возачот при разминување со друго возило ја намалил брзината.

Од падот жената си ја скршила раката во пределот на зглобот и со Итната медицинска помош била пренесена во градската болница „8-ми Септември“.

Настанот се случил во скопско Волково, вчера околу 19 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...