Холивудската актерка Шарлиз Терон е една од многуте славни личности кои летово го посетија хрватскиот остров Хвар.
Познат е фактот дека Хвар е омилената дестинација на светските ѕвезди, а голем број ова лето впловија на најсончевиот хрватски остров, но доаѓањето на оскаровката Шарлиз Терон секако е шлаг на тортата оваа летна сезона.
Таа вчера пристигнала на Хвар со семејството и ручала во познатиот ресторан „Гарифул“, каде порачала јастог на жар и врвно вино, но потоа резервирала маса и за вечера.
Шарлиз, замаскирана со сламнет шешир и големи очила за сонце, заедно со посвоената ќерка Аугуст се фотографирала со вработените во ресторанот по ручекот.
Снимката со 43-годишната актерка набрзо осамна на Инстаграм-профилот на ресторанот, а на неа Шарлиз зборува дека се чувствува фантастично.