Дојче веле: Мебелот што ѝ бил подарен на Јанева – купен на вересија!

1302

Мебелот кој ѝ бил подарен на Јанева од осомничениот Бојан Јовановски, наводно не бил ни платен во салонот од каде што бил набавен, пишува Дојче веле.

Како што пишува Дојче веле, по интервенции од продажниот салон, лице од 1ТВ донело одредена сума во евра како гаранција дека мебелот наскоро ќе биде платен, а по плаќањето гаранцијата во евра да им биде вратена. Покрај мебелот, најчестите подароци што Јанева ги добивала од Јовановски биле парфеми, иако во јавноста се шпекулира и за бунда „фенди“ која чинела многу повеќе од споменатиот мебел.

Мебелот со полициска асистенција вчера беше изнесен од домот на Јанева.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вчера соопшти дека Обвинителството поседува докази дека Јанева добила на подарок предмети и мебел во вредност од 298.000 денари или околу 5 илјади евра. Но, како што рече синоќа и обвинителкта Вилма Русковска, досега е дојдено само до мебелот. Допрва треба да се открие каде завршиле 1,5-те милиони евра.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...