Специјалната обвинителка Катица Јанева вечерва со полициско возило беше донесена во истрашниот затвор во Шутка.
Судија на претходна постапка и одреди 30 дневен притвор, што беше побарано од Јавното обвинителство поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист.
Околу четири часа траеше распитот на Јанева, која беше придружувана од нејзиниот адвокат Стеван Павлески. Се дискутирално исклучиво за мерката притвор.
Обвинителката Вилма Русковка по излегувањето од Кривичниот суд изјави дека сметале оти во овој момент е неопходно да се одреди мерка притвор за Јанева. Русковска нагласи дека на Јанева ќе и биде дозовлено да присустува на погребот на нејзината мајка, утре во Гевгелија.
Во притвор во Шутка веќе се наоѓаат другите двајца осомничени за „Рекет, Бојан Јовановски и Зоран Милески.