Со полициско комбе специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вечерва од Кривичниот суд се упати кон притворското одделение во затворот во Шутка.
Претходно Кривичниот суд и одреди мерка притвор од 30 дена на Јанева. Обвинителката Вилма Русковска откри дека Јанева вчера не била сослушана во својство на сведок, туку како лице од кое се собираат одредени известувања.