Околу четири часа колку што траеше распитот на осомнишената шефица на СЈО Катица Јанева, која беше придружувана од нејзиниот адвокат Стеван Павлески се дискутирално исклучиво за мерката притвор, изјави обвинителката Вилма Русковска.
Судија на претходна постапка и одреди 30 дневен притвор, што беше побарано од Јавното обвинителство поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист.
Русковка по излегувањето од Кривичниот суд изјави дека сметале оти во овој момент е неопходно да се одреди мерка притвор за Јанева.
Најголем дел од доказите во текот на шест месеци се прибрале во текот на предистрагата. Таа вели дека не сака оваа истрага да се претвори во реалити шоу. Обвинителката потврди дека само еден од телефоните на Јанева бил форматиран.
Таа нагласи дека истрагата е се уште отворена и додаде дека постои судир на интереси поради тоа што Павлески е адвокат на Јанева, а тој е и адвокат на Цветан Панделевски осомничен во „Империја“. Русковска додаде дека на нејзино барање треба да се земе обврската Павлески да ги откаже полномоштвата за другите осомничени во други предмети на СЈО.
Таа рече дека засега нема други осомничени во „Рекет“, но тоа не значи дека таа не може да се прошири на други лица.