ДУИ бара неодложна, целосна, детална, брза, транспарентна и сеопфатна истрага за сите вмешани во случајот и одговорност за сите за кои што ќе се утврди вина, изјави пратеникот Артан Груби.
– Правилното решение на овој случај е тест за зрелоста на нашата демократија и систем. Нашата автентична политика за целосен, апсолутен ветинг во судството, обвинителството и политиката е неопходна, итна и неодложна – рече Груби.
Тој коментирајќи го случајот „Рекет“ на Фејсбук истакна дека ветингот е решение за критичната ситуација во судството, но исто така го поздрави фактот дека албанските опозициски партии и се придружуваат на ДУИ прифаќајки ја нивната програмска определба за неселективна правда и ветинг.
– Ние гласно говоревме за селективната правда и го понудивме инструментот на ветинг за судии, обвинители и политичари, за да се бориме против таа политичко-коруптивна и тенденциозно нарачана селективност. Граѓаните го прифатија и поздравија овој наш програмски столб со убеденост дека ќе успееме, додека деновиве и опозициските партии го прифаќаат и го ставаат во употреба нашиот наратив и политика, напиша Груби на Фејсбук.