Осомничената специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со полициска придружба од домот во Козле се упати кон Кривичниот суд, каде ќе биде изведена пред судија во претходна постапка, кој треба да одлучи по барање на ЈО за одредување мерка притвор.
Во куќата на Јанева полицијата денеска два пати вршеше претрес при што вториот пат беше одземен дел од мебелот и други предмети на специјалната обвинителка кои беа натоварен во камион.