Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, повеќе нема да биде изведувач на пенали за „црвените ѓаволи“, пренесува „Сан“. Францускиот играч од средниот ред промаши од белата точка во понеделникот вечер при ремито 1-1 со Вулверхемптон.
Прв изведувач на ударите од 11-метри ќе биде Маркус Рашфорд.
– Погба и Рашфорд се исполнувачи. Зависи од нив кој ќе шутира, во зависност од тоа кој е посигурен. Јас немам проблем двајцата да се разберат на теренот – рече менаџерот Оле Гунар Солскјаер по натпреварот.
Погба промаши четири од последните девет пенали.