Утре избегнувајте го булеварот Крсте Мисирков ќе има времен сообраќаен режим

349

Град Скопје информира дека утре 22.08.2019 од 8.30 часот до петок до 8.30 часот, поради градежни активности за реконструкција на коловозот на бул. Крсте Мисирков, целосно ќе биде затворена за сообраќај едната насока од булеварот и тоа од крстосницата со булевар Гоце Делчев кај Судска Палата кон клучката Бит-пазар, информира Град Скопје.

– Времениот сообраќаен режим ќе важи до завршување на градежните работи на овој потег, а се очекува за многу краток период, со нанесување на завршниот слој на асфалтот, да биде комплетирана реконструкцијата на булеварот во двете насоки.  Реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков опфаќа должина од 1.350  метри во двете насоки, а претставува дел од интензивните градежни активности на Град Скопје за подобрување на сообраќајната инфраструктурата во Скопје, стои во соопштението.

Градот апелира учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...