Уапсената шефица на СЈО, Катица Јанева од седиштето на СЈО, со полициска придружба повторно е однесена во нејзината куќа.
По најверојатно претресот на нејзиниот дом, се очекува Јанева да биде пренесена и во Кривичниот Суд, каде ќе се одлучува по барањето на Јавното обвинителство за нејзин притвор.
Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, на денешната прес-конференција соопшти дека обвинителството поседува доволно вербални и материјални докази за постоење основано сомневање дека специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева извршила злоупотреба на службената должност и заради тоа проширена е истрагата и против неа.
Јовески потврди дека обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, од судот ќе побара одредување мерка притвор за Јанева.