Утрoво во Гевгелија починала мајката на специјалната обвинителка Катица Јанева, но обвинителката Вилма Рускоска денеска рече дека тоа нема да влијае врз нивното барање за притвор за обвинителката.
Јанева беше приведена денеска во нејзиниот дом во Козле, од каде, во придружба на полицијата беше однесена во СЈО, каде имаше налог да ѝ биде одземен компјутерот и други предмети.
ОЈО побара притвор за Јанева. Се очекува таа да биде изведена пред судија на претходна постапка.