Јанева со полициска придружба го напушти СЈО

528

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево со полициска придружба го напушти СЈО каде што беше доведена откако беше приведена во нејзиниот дом во скопската населба Козле.

Се очекува да биде донесена во Основниот суд Скопје каде што треба да биде изведена пред судија на претходна постапка кој треба да одлучи по барањето на Јавното обвинителство за одредување мерка притвор.

ЈО бара притвор за Јанева поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист.

Полицијата попладнево по налог ЈО ја приведе Катица Јанева во нејзиниот дом во скопската населба Козле, по што со полициска придружба беше донесена во СЈО.

Обвинителката Вилма Рускоска потврди дека полицијата влегла во СЈО со налог да се одземе компјутерот на Јанева.

Катица Јанева, која беше спомната во снимките што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“, вчера беше на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...