Рускоска: За синот на Јанева нема доволно основано сомнение дека е вмешан, засега нема докази ниту за други колеги

Доколку Јавниот обвинител кој раководи со ова Обвинителствот е спречен,Советот на ЈО треба да го констатира и веднаш да определи в.д. обвинител кој ќе раководи со СЈО , изјави Јовески.

692
Фото: Јавно обвинителство

За синот на Катица Јанева нема доволно основано сомнение дека е вмешан во какви било нелегални активности, истакна денеска на прес-конференција обвинителката Вилма Русковска по приведувањето на Специјалната обвинителка Катица Јанева за злоупотреба на службената положба и овластување.

Рускоска рече дека засега нема докази дека било кој друг колега е вмешан и дека моментално само е поднесен предлог за мерка притвор за Јанева.

– Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција нема барање за претрес на домови на политичари, а доколку има можеби е тоа по барање на друго обвинителство и тоа е друг случај кој не е поврзано со овој.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески одговарајќи на прашање рече дека  согласно Законот сo кој е основано СЈО се уште има мандат и доколку Јавниот обвинител кој раководи со ова Обвинителствот е спречен, тогаш Советот на ЈО треба да го констатира и веднаш да определи в.д. обвинител кој ќе раководи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...