Нада Обриќ итно оперирана, ѝ се вратила тешката болест

Нада Обриќ била примена како итен пациент поради отстранување на малигни клетки.

1105

Пејачката Нада Обриќ итно е сместена во болница, и е третпат оперирана, пренесува српски „Телеграф“.

Нада Обриќ била примена пред два дена во болница поради отстранување на тумор. Имено, пејачката по третпат добила рак.

Познатата фолк-пејачка два пати се изборила со карциномот, а бидејќи почувствувала симптоми слични на поранешните, итно била хоспитализирана и оперирана и сега ги чека резултатите од анализата.

– Точно е, ова третпат го проживувам, но не може мене ништо да ми се случи. Јас позитивно размислувам, како што вели нашиот народ: „Преживеал Мујо и многу полошо“, така што ќе заврши ова па ќе одиме на кафе да уживаме во животот – рекла пејачката.

Да потсетиме, пејачката во 1999 година открила дека има карцином на грлото на матката, а четири години подоцна и карцином на кожата, а после тоа имала и две операции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...