Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, постојано е на удар на јавноста поради своето однесување и одлуки што не му прилегаат на еден член на кралското семејство. Нејзиниот сопруг, принцот Хари, во сè ја поддржува својата сопруга па поради тоа и тој е сè помалку омилен во јавноста.
Последните месеци се пишуваше дека војвотката отпушта советници, а поради нејзиното однесување и барања, многумина и самите дале отказ. Сега „главна советничка“ на кралската двојка е мајката на Меган, Дорија Рагланд.
За што и да се работи, од послугата до прашања од животот, крајната одлука ја потврдува Дорија. Принцот Хари ја смета за многу мудра жена и исклучително ја почитува како мајка на својата сопруга па без приговор се согласил таа да биде нивен главен советник.
Токму Дорија е одговорна, меѓу другото, и за отпуштањето на едната од трите дадилки на нивниот син, принцот Арчи.