Гламурозната руска убавица изнела сериозни тврдења за тоа дека некој се обидел да ја убие при падот од терасата, пред неколку месеци. Овој инцидент досега се водише како несреќен случај, меѓутоа, нејзината изјава пред рускиот суд сè менува.
Инстаграм моделот и шминкерка Екатерина Катја Бобкова тврди дека била дрогирана и удрена, а потоа и фрлена од терасата на висина од 33 метри во едно планинско одморалиште во близина на Прага, после што била во кома и водела тешка битка за својот живот.
Инаку, таа била еден од клучните сведоци во случајот што се водел против руските фудбалери Павел Мамаев и Александар Кокорин. Двајцата играчи биле во затвор 17, односно 18 месеци, поради нападот на владиниот функционер во Москва во пијана состојба. Екатерина таа ноќ била со нив на ноќна забава, кога фудбалерите прво го демолирале автомобилот на новинарката Олга Ушакова и го претепале возачот, за потоа во едно кафуле да се настрват на рускиот политичар Денис Пак, како и на неговиот пријател Сергеј Гаисин, директорот на Државниот истраживачки центар.
Екатерина на патувањето во Чешка отишла во помала група, во која се нашол и неименуваниот некогаш руски сенатор и бизнисмен. На ова патување била поканета од страна на пријателката Татјана Атемасова, која токму тогаш ненајдено го обновила контактот со неа после две години тишина.
Пред да тргне на пат, ги предупредила другите гости дека не може да зборува отворено за инцидентот со фудбалерите, бидејќи била еден од сведоците.
Таа сега инсистира руските власти да отворат истрага откако првпат проговорила за драмата низ која поминала, а поднела и формално барање до Истражниот комитет. Одборот сега го разгледува ова барање.
Екатерина истакнала дека таа ноќ не испила повеќе од две чаши вино, а дека откако го испила виното станала сонлива и не се сеќавала на ништо. Тврди дека ѝ била дадена одредена супстанција за да се чувствува замаено пред да падне на главата.
– Московските лекари велат дека мислат дека прво сум паднала на главата, а потоа буквално сум била фрлена. Веќе сум била во несвесна состојба кога сум паднала – објаснила Екатерина.
Порано регионалната полиција спровела истрага, а заклучокот бил дека сè било „несреќа“.
– Жената имала и алкохол и неидентификувана материја во крвта во моментот кога паднала – соопштиле.
FOTO: Instagram/Printskrin