Камен на сопнување во преговорите со опозицијата воопшто не е Катица Јанева, бидејќи нејзиниот мандат истекува на 15 септември, вели министерката за правда, Рената Дескоска во интервју за „Независен весник“.
– Каменот на сопнување во текот на преговорите за законот е барањето за затворање на постапките кои се почнати од СЈО по периодот од првите 18 месеци и уништувањето на дотогаш собраните докази. Тоа е клучното прашање за кое има непомирливи разлики. Другите прашања се прашања за кои има мегдан за разговор. При тоа мора да се води сметка дека ова не е и не треба да се закон кој решава персонални прашања, туку принципи – вели Дескоска за „Независен весник“.