Лиса Кудроу (56), најпозната по улогата на шармантната и луцидна Фиби во популарната серија „Пријатели“, во 1995 година се омажила за 18 години постариот Мајкл Стерн (74), француски извршен директор за реклами.
Три години подоцна на свет го донела синот Џулијан Мареј Стерн, кој денес има 21 година, но и натаму најмногу време сака да минува со својата мајка, додека Лиса истакнува дека нејзината омилена активност ѝ е гледање комедии со синот.
На прашањето зошто застанала на само едно дете, убавата актерка вели:
– Тоа е подарок за Џулијан, тој не сака брат или сестра. Јасно ми даде до знаење од моментот кога почна да зборува – рекла таа.
Младиот Џулијан има многу таленти и страсти, моментално работи како дизајнер за специјални ефекти за филмови. Лиса останала бремена за време на снимањето на серијата „Пријатели“.
Кога и да објави фотографија со својот син, неколку стотици фанови се согласуваат дека Џулијан неодоливо потсетува на колегата на Лиса од серијата – Дејвид Швимер, кој го глумеше Рос.
Очигледна е сличноста меѓу актерот и младиот Џулијан, а фановите се прашуваат дали е тоа само случајност или нешто повеќе.
Foto: Shutterstock