Убиецот од Србија бил мирен и одличен ученик, неговиот брат користел наркотици

Како што пренесува медиумот, Богдан најверојатно го планирал убиството на својот брат, бидејќи ископал дупка во која имал намера да го закопа. На родителите им кажал дека момчиња го земале Игњат со нив. 

1196
ФОТО: Принтскрин

Дваесетгодишниот Богдан Гајиќ, кој брутално го убил својот 24-годишен брат Игњат, бил тивок, мирен и одличен ученик, а сега студирал психологија, пренесува „Курир.рс“.

Убиениот, според соседите, користел наркотици и неретко ги малтретирал своите блиски.

Браќата се расправале во ноќните часови во семејната куќа, по што Богдан крвнички го претепал Игњат, а потоа го нападнал и со нож.

Родителите со најмладиот брат биле во Белград за време на злосторството.

Како што пренесува медиумот, Богдан најверојатно го планирал убиството на својот брат, бидејќи ископал дупка во која имал намера да го закопа. На родителите им кажал дека момчиња го земале Игњат со нив.

Богдан бил уапсен откако полицијата го нашла околу три часот наутро со количка во која се наоѓал трупот замотан во чаршаф, а имал и лопата и шише.

Кога го прашале што носи во количката, тој ладнокрвно им одговорил „тоа е мојот брат“.

ФОТО: Принтскрин / Фејсбук / Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...