Археолозите прикажаа ѕид со мурал, најден во јавна церемонијална зграда на локалитетот Вичама, северно од главниот град на Перу, Лима. Муралот се верува дека потекнува од 1.800 година пред нашата ера.
Археологот Рут Шеди Солис смета дека преку претставите на луѓе во облик на жаби, се прикажува собирањето вода од дождовите. Според фигурите, археолозите утврдиле дека настанале во период обележан со глад и жед на населението.
Се смета дека цивилизацијата Карал, која го изработила овој мурал потекнува од пред 5.000 години и е најстара во Америка. Археолошѓкото место Вичама е заштитено од УНЕСКО од 2009 година.
Научниците веруваат дека оваа цивилизација исчезнала околу 1.800 година пред нашата ера, а археологот Солис смета дека причина за тоа е гладот и жедта предуизвикани од промената на климата во регионот.
Archaeologists have unearthed an ancient mural believed to be over 3,000 years old in northern Peru
Read today’s top stories here: https://t.co/iOm40vn1kt pic.twitter.com/zDA0BLIALQ
— Sky News (@SkyNews) August 20, 2019