Научници во антартичкиот снег пронашле прашина која настанала по супернова, односно експлозијата на ѕвезда, јавува CNN.
Во истражувањето, кое мецецов е објавено во списанието Physical Review Letter, пишува дека ова откритие би можело да значи дополнителен увид во историјата на Сончевиот систем и неговото опкружување.
Супернова настанува кога при крајот на својот живот експлодира ѕвезда, при што се создава огромен облак од гас и прашина збогатена со радиоизотопи. Според најновата студија, дел од таа прашина од една или повеќе ѕвезди кои експлодирале во последните 20 милиони години паднала на Земјата во текот на последните дваесет години, а научниците ја пронашле во снег кој се наоѓа на ретко населениот континент.
– Навистина сум среќен што откривме прашина која патувала милијарди километри низ вселената и која е стара милиони години – рекол нуклеарниот астрофизичар Доминик Кол, еден од авторите на спомнатото истражување.
Кол за CNN објаснил како древната прашина ја откриле откако од Антартик пратиле 500 килограми снег во истражувачката институција во Минхен во Gерманија. Го избрале Антарkтик бидејќи станува збор за недопрена околина.Откакао го стопиле и направиле анализа откриле дека е позитивен на железо-60.
Имено, повеќето железо кое го наоѓаме во веслената е железо -56. Железото-60, кое има вишок неутрони, што го прави нестабилно, се појавува на Земјата само како последица на космичка експлозија или од нуклеарно оружје.
Научниците успеале да утврдат дека ѕвездената прашина е најверојатно извор на железото-60 кое е пронајдено на Антарктик, но се уште не им е познато поминува ли нашата планета токму низ таков облак на прашина или низ него поминал изминативе 20 години.
Но, кога и да семе поминале низ него, ова откритие веројатно дополнително ќе ни ја појасни историјата на нашиот Сончев систем, но и структурата и потеклото на самиот облак на ѕвездената прашина.