Вардар победи против АЕК

192
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Ракометарите на Вардар триумфираа и во својот втор контролен натпревар, овјпат против АЕК со 31-24 (14-11).

Грчкиот тим допатува како победник на турнирот во Струга што заврши викендов, и одигра неколку контролни средби со македонски тимови.

Дибиров беше најефикасен со 10 постигнати голови, додека Скубе постигна 7.

И на овој натпревар „црвено-црните“ играа без Жозе Толедо и Павел Атман поради повреди. Дел од младите ракометари што се во составот добија шанса да се истакнат.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...