Дваесетгодишно момче било уапсено поради сомнение дека го убило својот 24-годишен брат.
Убиството се случило во семејната куќа на угледен професор во Шабац, а откриено било утрово околу три часот. Во домот професорот живеел со тројцата синови.
– Полициската контрола утрово околу три часот забележала момче со рачна количка. Кога го запрела, го пронашла телото на убиениот – открил извор од истрагата за „Курир.рс“.
Изворот додал оти најверојатно убиството било планирано.
Наводно, осомниченото момче ископало дупка во близина каде што живеело. Откако го убило брата си, тргнало да го фрли лешот.
Тоа го удрило својот брат повеќе пати во главата, а несреќникот им подлегнал на повредите.