Прва жртва од западнонилска треска во Србија е белграѓанка

Првиот заболен од оваа болест кај нас е 66-годишен скопјанец кој е во критична состојба, и веќе неколку дена е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести.  

161

Осумдесет и четиригодишна жена од Белград, која беше заболенa од западнонилска треска, е првата жртва што се поврзува со вирусот во Србија годинава, пренесуваат српските медиуми. Жената, инаку, била заболена и од неколку хронични заболувања.

Досега се регистрирани три случаи на западнонилска треска, два потврдени во Белград и еден, најверојатно, со фатален исход, објави Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ – Батут“.

До 15 август регистрирани се 68 случаи на западнонилска треска во земјите на ЕУ, од тоа во  Грција 48, во Романија осум, на Кипар пет, во Италија три, во Унгарија два и по еден случај во Бугарија и Франција.

Првиот заболен од оваа болест кај нас е 66-годишен скопјанец кој е во критична состојба, и веќе неколку дена е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...