Во јуни просечните платите се движеле во распон од 245 до 976 евра

Просечната нето плата изнесувала 409 евра ( 25.205 денари).

471

Просечната исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2019, изнесувала 25.205 денари (409 евра) и е за 4,1 отсто поголема од јуни минатата година.

Според Државниот завод за статистика, највисоко зголемување на платите имале секторите: „дејности на здравствена и социјална заштита“ (11,7 %), „транспорт и складирање“ (10,3 %) и „градежништво“ (5,4 %).

Највисок просек на плата имаат вработените во дејностите „компјутерско програмирање и консултантски“ која во јуни изнесувала 60.027 денари (976 евра)

Најниска плата пак имаат вработените во секторот „производство на кожа и
слични производи од кожа“ која изнесувала 15.086 денари (245 евра)  и „рибарство и аквакултура“ каде што просечно исплатена нето плата во јуни изнесувала 15.436 денари.

Просечната бруто-плата, пак, во јуни 2019 година изнесувала 37.440 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...