Исклучени 13 возачи без дозвола, 43 возеле пребрзо, а десетмина зборувале на мобилен

Санкционирани се и седум пешаци, а издадени се 103 мандатни платни налози. Вчера се случиле 12 сообраќајни незгоди во кои девет лица поминале со телесни повреди.

67
Фото: МВР

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје вчера (19.08.2019 година) превземени се мерки и активности и констатирано е дека 43 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 14 возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај биле 13 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување и 10 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се седум пешаци. Во текот на изминатиот ден издадени се 103 мандатни платни налози. Изминатиот ден се случиле 12 сообраќајни незгоди во кои девет лица поминале со телесни повреди.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...