Се ожени најголемиот холивудски „силеџија“ ФОТО

Двајцата имаат две ќерки на возраст од една, Тија и од три години, Џасмин.

1282

Американскиот актер Двејн Џонсон „Карпата“ (47) објави дека завчера на Хаваите се оженил со долгогодишната девојка Лорен Хашијан (34), со која е во врска цели 12 години.

Популарниот „Д Рок“ ги изненади своите фанови на Инстаграм со серија фотографии од венчавката.

На една од фотографиите се гледа како Џонсон и неговата сопруга страсно се бакнуваат, додека на друга се прикажани со рацете кренати во воздух.

Двајцата на фотографијата што на Инстаграм ја објави холивудскиот „силеџија“ се облечени во бело и со многу цвеќиња. Двајцата имаат две ќерки на возраст од една, Тија и од три години, Џасмин, а Џонсон од претходниот брак со продуцентката Дени Гарсија има 18-годишна ќерка Симон.

По разводот од првата сопруга, Двејн и Лорен започнаа врска. Во декември 2015 година го добија првото дете, ќерката Јасмин. Во април, 2018 година објавија дека добија уште една ќерка.

 

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...