Британка убила жена додека и го зголемувала задникот ВИДЕО

1100

Британката која е обвинета за убиство на жена на која и го зголемувала задникот со силикон ќе биде предадена на САД заради судење, пишува ББЦ.

Kelly Mayhew (34) умрела во 2015 година откако Дона Францис во подрумот на куќата во Њујорк во задникот и вбризгала силикон. Францис, поранешна фризерка, обвинета е за убиство.

Францис на суд побарала да не ја предадат во САД. Таа е обвинета дека предизвикала смрт на жената, која во 2015. отишла кај неа на постапка за „подобрување на изгледот на задникот“, рекол помошникот на окружниот обвинител Јон Рајан.

Тој рекол дека на жртвата срцето и престанало со работа за време на вбризгувањето на силиконската инјекција и дека обвинетата наводно ја оставила да умре во подрумот и избегала од земјата.

Инспектор по медицина утврдил дека жртвата умрела од силиконска емболија која настанала кога некапсулираниот силикон влегол во крвта и предизвикал емболија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...