Ванда Нара: Икарди нема да оди во Монако

93
ФОТО: EPA / MAURIZIO BRAMBATTI

Сопругата на Мауро Икарди, Ванда Нара, одби уште една опција за нов клуб на својот клиент – Монако.

„РАИ Спорт“ објави дека претставникот на Лига 1 му нуди на Аргентинецот 5-годишен договор со плата од 12 милиони евра. Износот на трансферот е во висина од 65 милиони евра.

– Мауро нема да оди во Монако – категорична е Нара, која исто така е агент на нејзиниот сакан.

Икарди е во сопственост на Интер, но клубот го стави на трансфер-листата и нема намера да се потпира на него.

Според информациите, целта на семејството е да остане во Италија. Во оваа ситуација, опциите Јувентус и Наполи остануваат

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...