Над 8.000 луѓе се евакуирани од Канарски Острови поради големиот пожарот, а пламенот се издига 50 метри во висина.
– За само 48 часа изгореа 6.000 хектари шума – соопштија властите на островот Гран канарија.
Во гаснењето на огнот учествуваат 1.100 пожарникари, кои имаат помош од 14 канадери.
Островот Гран Канарија и главниот град Лас Палмас познати по плажите и планините се популарни туристички дестинации за Европејците.
Поради пожарот евакуирани се само жителите на селата.
Пожарите се чести во јужна Европа за време на летото. Во речиси половина шпански провинции денеска во сила е предупредување од голем ризик од пожар.