Екс-претседателот на Сантош со милион долари го задржал Нејмар да не замине во Реал

316
ФОТО: EPA / JULIEN DE ROSA

Поранешниот претседател на Сантош, Марсело Тешеира раскажа како во 2006 година успеа да го запре Нејмар да замине во Реал Мадрид.

– Тој се восхитуваше на Реал од тоа време. Му понудивме на неговиот татко еден милион долари да остане во тимот. Лесно се согласи. Сите членови на управата на клубот ме нарекоа луд, но знаев дека Нејмар е посебен. Сантош требаше да го спаси. Беше тешка одлука, но на крајот се покажа дека е вистинската – истакна Тешеира.

Не водевме преговаравме со Реал Мадрид. Сè што правев беше со цел да го задржам во клубот. Во тие денови, односите меѓу Сантош и Реал Мадрид беа затегнати поради трансферот на Робињо. Но, на крајот ги задржавме правата на Нејмар, додаде поранешниот прв човек на бразилскиот клуб.

Подоцна, Нејмар замина во Барселона за официјално 57 милиони евра сума која подоцна се искачила на 86 милиони, а според некои документи Сантош добил 134 милиони евра.

ФОТО: EPA / JULIEN DE ROSA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...