Посетата на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху во Украина не почнала на најдобар начин. За тоа виновна била неговата сопруга, тврдат тамошните медиуми.
Сара прво се налутила бидејќи помислила дека не била поздравена при обраќање на патниците за време на летот.
Станала од седиштето и се упатила кон пилотската кабина, а кога не била пуштена внатре, според прописите, таа дополнително се налутила.
Инцидентот завршил откако повторно биле поздравени Нетанјаху и сопругата. Човекот тврдел дека го поздравил парот и при првото обраќање на патниците, но дека таа не го слушнала.
Потоа слетале во Киев каде им било приредено традиционално добредојде.
Ги пречекале три девојки во народни украински носии. Додека Бенјамин го јадел лебот со сол, неговата сопруга го земала нејзиното парче и го фрлила на земја.
Видеото подоцна се појавило на социјалните мрежи.
צפו: נתניהו נחת בשדה התעופה באוקראינה והתקבל בחגיגיות. גברים ונשים בלבוש מסורתי נתנו לרה”מ לבצוע חלה כנהוג במקום@ZeevKam pic.twitter.com/wYEdRjDz3K
— כאן חדשות (@kann_news) August 18, 2019