Влахо: Подобра реализација и дојде победата

100

Фудбалерите на Работнички ја остварија првата победа во новата сезона од Првата лига, совладувајќи го Шкупи со 2:0 во второто коло. На домашен терен, тимот преводен од тренерот Александар Влахо одигра квалитетен натпревар, го подобри нивото на реализација на шансите и стигна до заслужен триумф.

– Задоволен сум и од играта и од резултатот. Честитки за фудбалерите, ги исполнија во целост тактичките задачи кои ги договоривме пред дуелот со Шкупи. Победивме квалитетен тим, а значително на овој меч ја подобривме реализацијата, она што ни недостигаше на премиерата против Струга Трим Лум. Сега не очекува нова обврска, куп – натпревар против Велазерими в среда и веднаш се фокусираме на следниот предизвик. Верувам дека на следните натпревари ќе бидеме уште подобри – вели Влахо во изјава за клупската веб-страница.

Следен предизвик за „романтичарите“ е дуелот со Велазерими на гости в среда во Купот на Македонија, а потоа доаѓа градското дерби против Вардар во третото коло од шампионатот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...