Повеќе полицајци во Франција се самоубиле, отколку што загинале на должност

171

Тројца припадници на интервентната единица, еден висок офицер и предавач на Полициската академија се меѓу осуммината француски припадници на полицијата кои неодамна извршија самоубиство, со што бројот на такви случаи во земјата оваа година се зголеми на 64 лица.

Моментно бројот на полицајци кои сами си го одземале животот е поголем од бројот на оние кои загинале на должност.

– На полицајците им е потребна заштита, сметаат полициските синдикати, кои бараат повеќе помош во спречување на овој тренд, најлош во последните 30 години.

Парламентарната истрага која е објавена минатиот месец покажува дека најчести причини за самоубиства се стресот и очајувањето меѓу припадниците на француската полиција, вклучувајќи го прекувремениот труд по серијата терористички напади во 2015 година, но и често насилните антивладини протести од ноември минатата година.

Извештајот покажува дека бројот на самоубиства во полицијата е дури 36 отсто повисок од оној што е регистриран во целата француска популација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...