Димитров за “Рекет”: Зачудува до бес што некој изгледа дозволил жедта за правда да биде искористена за да се згасне жедта за пари

Тој додава дека ниту имал средба, ниту слика, ниту склучил меморандум со првоосомничениот Бојан Јовановски – 13

8678

И министерот за надворешни работи, Никола Димитров, преку социјалната мрежа Фејсбук се огласи со коментар за случајот “Рекет”.

“Tоа што криминалот сака да го дискредитира својот гонител не треба да нѐ чуди. Зачудува до бес што некој изгледа дозволил жедта за правда да биде искористена за да се згасне жедта за пари. Можното соучесништво на обвинител од оваа институција (СЈО) во трговијата со одговорноста, максимално ја зголемува потребата од целосно и одлучно расчистување со сите валканици што излегоа на виделина, кон кого и да водат. Иако целата приказна згрозува до апатија, ако тој кој требало да го гони криминалот, се ставил на страната на криминалците, тоа мора да биде само дополнителен мотив во борбата за правда, а не дигање раце. Расчистување и правда и за “рекет”, но и за сите криминали во снимките и вон снимките“, напиша Димитров на Фејсбук.

Тој додава дека ниту имал средба, ниту слика, ниту склучил меморандум со првоосомничениот Бојан Јовановски – 13.

„Ова, се разбира, само по себе не е ни за фалење де, освен што изгледа сум имал правилно претчувство што пропуштам“, вели Димитров.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...