Драма, скандали и реми помеѓу Сити и Тотенхем

769

Тотенхем покажа убиствена ефикасност пред голот и си замина со бод од стадионот на Манчестер Сити – 2:2.

„Граѓаните“ на двапати водеа по головите на Рахим Стерлинг (20) и Серхио Агуеро (35), но „петлие“ изедначија преку Ерик Ламела (23) и Лукас Моура (56).

Големата драма се случи во 92-та минута кога Габриел Жезус полуде од радост, мислејќи дека го постигнал победничкиот гол.

Сепак, судијата го поништи, бидејќи еден момент претходно, Ајмерик Лапорт ја допре топката со рака. Дуелот ќе биде запаметен и поради скандалот меѓу Пеп Гвардиола и Агуеро во второто полувреме, кога беше заменет Аргентинецот.

Така, по двата одиграни натпревари, Манчестер Сити го забележа својот прв погрешен чекор, додека Тотенхем покажа дека имаат класа да им се спротистават на лидерите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...