Реал Мадрид победи против Селта со 3:1 на гостувањето на „Балаидос“ во првото коло од шпанската Ла Лига.
Головите за „кралевите“ ги постигнаа Карим Бензема (12), Тони Крос (61) и резервата Лукас Васкез (80), а во последната минута Лосада постигна почесен погодок.
Тимот од Мадрид играше повеќе од половина час со човек помалку откако Лука Модриќ доби директен црвен картон за остар влез против Денис Суарез.
ФОТО: EPA / JAVIER LIZON