Србин со нож нападнал семејство во Италија, таткото се обидувал да ги заштити сопругата и ќерките

972

Четириесет и двегодишник од Србија бил уапсен во италијанскиот град Комо откако во средата вечерта со нож нападнал семејство кое се шетало крај езерото.

– Таткото веднаш се обиде да ги заштити сопругата и двете ќерки. Тој човек го доближуваше ножот до нивните лица, се закануваше. Луѓето наоколу почнаа да паничат и да бегаат – рекол очевидец.

Веднаш реагирала полицијата, а напаѓачот го ставил ножот в џеб и тргнал да се пресмета и со нив.

– Србинот пружеше неверојатен отпор. Ги шутираше и ги гризаше полицајците. Одбиваше да дозволи да му земат отисок од прсти, а кај себе немаше никаков документ – додал изворот за тамошните медиуми.

Мотивот за нападот не е познат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...