Лупевска: Ако не беше написот на Героски, никогаш не ќе се откриеше аферата „Рекет“

7445

Мислам дека ако не излезеше написот на Героски, никогаш, ама баш никогаш немаше да биде уапсен Боки, никогаш немаше да биде откриена аферата „Рекет“ и мислам дека некој сакал тоа фино да го заташка. Поради тоа што почна да се зборува во јавноста, заради тоа почна и да се прави истрага и да се апси Бојан Јовановски. Имам впечаток дека некој навистина сакал тоа да го сокрие.

Вака изјави Снежана Лупевска, уредничка на Телма и емисијата „Код“, во телефонското гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

– Зошто, ако се следи каде се одлеале парите, еден милион евра од Орце Камчев и каде се одлеале и другите пари кои што уплаќале во невладината „Меѓународен Сојуз“-дали во чантите на Боки или скапата облека, или некој друг е крајниот консумент на тие пари, односно се испорачани на друго место, за што постојат разни шпекулации, тогаш навистина ќе се знае поголемата слика за случајот „Рекет“ – додаде Лупевска.

Таа рече дека целата истражна постапка, ако се има во предвид времето кога се направени снимките, нивното праќање во Обвинителството и тоа кога Јовановски беше уапсен, според неа, оди многу бавно.

ФОТО: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...