Пронајдено мртво лице во поплавен подвозник, пороен дожд направи хаос во Истанбул

855

Пороен дожд го зафати денеска турскиот град Истанбул, поплавувајќи улици и подруми, а беше нарушен и железничкиот и водниот сообраќај.

Најмалку едно лице е пронајдено починато во поплавен подвозник.

Медиумите објавија и дека од дождот е поплавена и историската Капали Чаршија, комплекс со мали улички и голем број продавници.

Властите го прекинаа превозот со траект преку Босфор, а укинати се и некои трамвајски линии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...