
Високата претставничка за европска надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, на 19 април ќе се обрати на Собранието на Македонија.
Еврокомесaрот Јоханес Хан во Скопје ќе пристигне во среда додека Могерини земјава ќе ја посети следниот ден. Високата претставничка на ЕУ за време на престојот во Скопје ќе се обрати пред пратениците во Собранието на РМ.
Европската Комисија извештајот треба да го објави на 17 април.
Од Владата очекуваат чиста препорака од ЕУ за старт на преговорите.
ФОТО: EPA/OLIVIER HOSLET