Кадетската репрезентација на Северна Македонија попладнево доживеа пораз од Израел со 72-83 (39-37) и на крајот се пласираше на 12 место на Европското првенство во Удине.
Иако „жолто-црвените“ се држеа во текот на целиот меч и во последната четвртина влегоа со водство од плус три (61-58), сепак заморот ги стигна и Израелците го добија последниот дел со убедливи 25-11, за на крајот да триумфираат со +11.
Наков со 20 поени беше најдобар во нашиот тим.
Северна Македонија првенството го заврши со две победи во седум меча. Кадетите и следната година ќе игра во „А“ дивизијата.
Фото: РФМ