Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар, нема да игра за Пари Сен Жермен против Рен во натпревар од француската Лига 1, иако веќе тренира со соиграчите. Ова го призна тренерот Томас Тухел.
– Тој не го доврши денешниот тренинг со екипата. Премногу е рано за него. Ќе почекаме уште една недела пред тој целосно да започне да тренира со тимот. Кога размислувам за силен тим, тоа е со Нејмар во почетниот состав. Ништо не е променето, тој сè уште има три години од договорот со клубот. Трансфер прозорецот се затвора за еден месец. Засега тој е мој играч – рече Тухел.
Вистинска трансфер сага се оформи околу Бразилецот. Тој сака да го напушти „Парк де пренс“, а фаворити за неговиот потпис се Барселона и Реал Мадрид.
Сепак, Каталонците имаат поголема предност и се очекува работите да се развијат следната недела.
ФОТО: EPA / CHRISTOPHE PETIT TESSON