Црногорската Влада до 2022 година ќе вложи околу 100 милиони евра за изградба на нови ски центри, сметајќи ја и комплетната патна, електро и комунална инфраструктура, изјави директорот на Управата за јавни работи, Решад Нухоџиќ.
Тој истакна дека Управата за јавни работи моментно има повеќе од 100 проекти и во нивни рамки значаен број на подпроекти, кои се во различна фаза на реализација, а повеќето се во северниот дел на Црна Гора.
– Таквиот однос претставува директна поврзаност со стратешкото определување на црногорската Влада дека со вложување во инфраструктурниот развој на северниот регион се влијае на рамномерниот развој на државата, а на граѓаните во северниот дел да им се овозможи повисок животен стандард – нагласи Нухоџиќ.